Септичката јама изработена од високо квалитетен полиетилен е наменета за помали домаќинства и викенд куќи кои се без можност за приклучок на канализациона мрежа или до пречистителна станица. Септичката јама е водоотпорна, штити од загадување и се произведува во сина или црна боја. По барање, достапни се и проточни септички.
Јамите можат да бидат со една, две или три комори и волумен од 2.500л до 50.000л.